Кумановец дошол пијан во Полициска станица, па нападнал полицаец

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец со иницијали Г.С. вчера 15 минути по полноќ бил лишен од слобода во самата Полициска станица.

Loading...

Лицето во алкохолизирана состојба пристигнало во Полициска станица Куманово и започнал да ги помаловажува полициските службеници, а притоа нападнал еден од нив, велат од кумановската полиција.

Веднаш бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply