Кумановец доби кривична пријава за бесправно градење

Сподели со своите пријатели

Педесет и деветгодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека извршил кривично дело „бесправно градење“.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Ш.(59) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, пријавениот, во текот на првата половина од 2021 извршил надградба на постојна градба на станбен објект за индивидуално домување во негова сопственост, со вкупна површина од 107м², за што не поседувал одобрение за градење издадено од надлежен орган.

Никола Ивановски