Кумановец доби кривична поради предизвикување на општа опасност

Сподели со своите пријатели

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против дваесет и четиригодишен кумановец под сомнение дека предизвикал општа опасност.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Д.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност”, информираат од кумановската полиција.

Како што појаснуваат од полицијата, на 31.12.2022 во авто-лакерска работилница, сопственост на А.Б., по претходна расправија со него и со И.П., пријавениот со тврд предмет ги скршил прозорските стакла од работилницата, а потоа предизвикал пожар во возилото на А.Б..

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“