Кумановец бил физички нападнат во угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Кумановец бил физички нападнат од страна на две други лица во угостителски објект.

Loading...

– На 28.12.2023 во 12.05 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.Т.(30) и С.М.(44), двајцата од Куманово, затоа што според пријавеното во 11.50 часот во угостителски објект на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово физички го нападнале Б.К. од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски