Кумановец бил агресивен кон вработена во казино, а во станица нападнал полицаец

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец бил приведен утринава откако се однесувал агресивно кон вработена во казино.

Loading...

По приведувањето, лицето нападнало и полициски службеник.

– На 01.09.2023 во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А.(44) од Куманово затоа што во казино лоцирано на ул. „11 Октомври“ во Куманово се однесувал агресивно кон вработена во казиното, а откако бил спроведен во Полициската станица Куманово физички нападнал полициски службеник, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека Н.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски