Кумановци заработија кривични пријави во акцијата „Гора“

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во рамките на акцијата „Гора“, СВР Куманово поднесе кривични пријави под различни основи против неколку лица.

Loading...

Кривична пријава е поднесена против И.А.(53) од с.Режановце, поранешен вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

Од друга страна кривична пријава е поднесена и против Ј.Ј.(63), С.Т.(65) и С.П.(63) сите од с.Пелинце, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „пустошење шума“.

Во 2012 и 2013 година, И.А. како референт за геодетски работи во Агенцијата за катастар на недвижности на Р.Македонија – Одделение за кастастар на недвижности Куманово, оформил предмети за наводно исправка на техничка грешка по службена должност за 15 парцели со површина од 168.697 метри квадратни од катастарската општина Пелинце кои биле во сопственост на Р.Македонија, како и една парцела од истата општина со површина од 7.703 метри квадратни со неутврдена права на сопственост.

По ова, изготвил потврди за исправка на техничка грешка и по службена должност внел невистинити податоци за сопственост, ги заверил потврдите со свој потпис, ги спровел во електронскиот систем на Агенцијата и за паричен надомест од 1.200 евра ги префрлил во имотните листови каде крајни сопственици се второ, трето и четврто пријавените, како и на лицата Б.П., Д.П., М.П., Р.С., Б.С., В.С .,Д.С. С.С., С.Т., Б.Т., М..А. и Д.Ј.

По ова, второ, трето и четврто пријавените таквите имотни листови во текот на 2013 и 2014 година ги искористиле како вистинити пред лиценцирани лица за вршење на стручни работи од областа на шумарството во приватни шуми по што добиле одобрение за сеча на огревно дрво и од пет катастарски парцели исекле 203,8 метри кубни огревно дрво, со што го оштетиле буџетот на Р. Македонија за износ од 1.426.600 денари.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.