Кумановци уживаа во првата вечер од „Art Attack“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановци вчеравечер имаа можност да уживаа во првата вечер од новиот фестивал „Art attack“ кој е во организација на Фондација за култура и спорт при Општина Куманово, а е претежно наменет за помладата публика.

Loading...

Фестивалот се одвиваше на две сцени на плоштадот „Нова Југославија“, каде тревниците беа декорирани со посебни светлосни ефекти, а на дел од нив беа поставени и низа уметнички дела.

Пред публиката настапија „Авелина“, „Of dogs and walls“, Милан Тоскиќ и Дарко Циевски, „НБК Чанге“, „Подземан ефект“, „Ки“ и „Фолтин“.

Loading...

Втората фестивалска вечер се одржува вечерва со почеток во 20 часот на истата локација, а ќе настапат диџеите: Дадо К и Мамли, Букача, Џарто и Игор Калц.

Повеќе фотографии во текот на денот на нашиот Инстаграм профил.

Leave a Reply