Кумановци приведени поради шверц на Сиријци, возачот скршил наплатна рампа и избегал

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци биле приведени вчера поради обид за шверц на мигранти од Сирија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

– На 12.11.2023 околу 05.30 часот на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор  Богородица ги лишиле од слобода Р.М.(47) и П.Ј.(51), двајцата од Куманово, велат од МВР.

Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека со возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки биле претходница на патничко возило „рено меган“ со кумановски регистарски ознаки, во кое околу 01.30 часот биле пронајдени мигранти.

Притоа, бегајќи од полицијата скршиле наплатна рампа и излетале од патот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски го осуди палењето дуќан и автомобили во Куманово

– Имено, околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица на автопатот А1 бил даден знак за запирање на возилото „рено меган“, но возилото продолжило со движење, скршило рампа на наплатата станица Смоквица, по што излетало од патот, а возачот го напуштил местото, додаваат од МВР.

Притоа, како што појаснуваат од полицијата, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија.

– По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

Loading...