Кумановци приведени поради подметнување пожар во автомобил

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени вчера попладне под сомнение дека запалиле автомобил на свој сограѓанин.

Loading...

– На 12.01.2022 во 17.05 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.Ш.(27) и Ш.И.(33), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 08.12.2021 на булеварот „3. Македонска ударна бригада“ предизвикале пожар во патничко возило „фиат деа“, сопственост на С.К. од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тие биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски