Кумановци претепани пред угостителски објект завршија на Ургентен

Сподели со своите пријатели

Рано утринава околу 04.00 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени две лица со повреди здобиени од физички напад кој се случил пред угостителски објект во градски парк, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Според пријавеното, околу 03.30 часот П.К.(38) од Куманово и неговиот брат П.К.(32) биле физички нападнати од повеќе непознати лица.

Се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply