Кумановци осомничени за нелегално одгледување канабис

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С. (23) и Ф.Б. (23), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на а 31.07.2016 година, од страна на полициски службеници извршена е опсервација на две парцели сопственост на роднина на првопријавениот на кои истиот неовластено произведувал 11 стебла канабис и две паковки со вкупно 1,12 грама наркотична дрога марихуана.

При извршен преглед на патничко возило управувано од второпријавениот во паричникот на првопријавениот била пронајдена и една џоинт цигара од 0,5 грама мешавина од тутун и марихуана.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.