Кумановци може да аплицираат за субвенции за комуналии и домување

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ги објави повиците за субвенционирање на трошоците за комунални услуги и помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица.

Loading...

Согласно Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2023 година, со субвенционирање на трошоци за комунални услуги се предвидени 450 корисници.

– Со оглед дека бројот на предвидени корисници не е целосно исполнет, со ова соопштение ги повикуваме сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат долунаведените критериуми да поднесат барање за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2023 година.  Барањата ќе бидат земени во предвид сѐ до исполнување на предвидениот број на корисници од Програмата, информираше денеска на прес конференција Александар Крстевски, раководител на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

Доколку бројката на поднесените барања се надмине, приоритет ќе имаат подносителите кои први поднеле барање.

Право на субвенционирање на трошоци за комунални услуги ќе можат да остварат лица кои имаат статус на самохрани родители, стечајни работници, згрижувачки семејства, деца без родители и родителска грижа, лица корисници на надоместок заради попреченост, приматели на право на социјална сигурност за стари лица, односно лица со навршени 65 години возраст, приматели на право на посебен додаток согласно Законот за детска заштита во којашто категорија на лица спаѓаат деца со специфични потреби.

За помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица исто така целосно не е исполнета, информираше денеска Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

Според раководителот на секторот сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат критериумите можат да поднесат барање.

– Право на субвенционирање на трошоци за комунални услуги и трошоци за кирија ќе можат да остварат лица кои имаат статус на корисници на гарантирана минимална помош (ГМП), материјално и станбено необезбедени лица кои живеат на територија на општина Куманово односно лица кои живеат  под кирија, појаснува Крстевски.

Loading...

Барањата можат да се подигнат на портирница  во зградата на  поранешен АД „Козјак“ спроти Градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита).

Дополнителни информации граѓаните може да добијат во просториите на општината или на телефонот 075 323 569 од 08:00 до 16:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

Никола Ивановски