Кумановци измамени за работа во Германија

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово останале без работата во Германија, но и без пари, откако биле измамени за сума од 2.600 евра од своја сограѓанка.

Loading...

– На 08.07.2020 во 11.30 часот во СВР Куманово, С.К.(56) и В.Л.(53), двајцата од Куманово, пријавиле дека по претходен договор со А.С. во мај 2019, заедно со уште шест лица од Куманово заминале во Манхејн, Германија, каде започнале со работа во градежна фирма. Но, по три месеци од престојот, ним им биле исплатени само две плати и не им биле обезбедени документи и престој од А.С., согласно претходниот договор, по што си заминале од Германија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, тие имале неколку обиди да стапат во контакт со А.С., но таа не се јавувала, по што констатирале дека се оштетени и измамени за сума од 2.600 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply