Кумановци измамени за над 100.000 евра. „Купувале“ фиктивни станови

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишник од Скопје на две лица од Куманово им продал фиктивни станови и на тој начин ги измамил за над 100.000 евра.

Loading...

– СВР Куманово  поднесе кривична пријава против Ф.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “измама” по член 247 од Кривичниот законик, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Ф.С. како вработен во приватна фирма во Скопје вршел посредување за лицитација на продажба на станови од Агенција за управување со одземен имот.

На 40 – годишник од Куманово му понудил стан во Охрид, додека на 50 – годишно лице од Куманово станови во Охрид, Скопје и патничко моторно возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брат и татко натепале кумановка на градскиот плоштад

– Откако склучиле договор, првото лице му исплатило 26.000 евра, додека другиот му исплатил 79.000 евра, а по наводно завршената лицитацијата од правното лице не добиле никаков документ, појаснуваат од кумановската полиција.

По преземени мерки од полициски службеници од СВР Куманово и од Одделот за криминалистичка полиција, на 12.05.2025 на влезот на Куманово, Ф.С. бил лишен од слобода и во координација со јавен обвинител против него по брза постапка е поднесена пријавата.

Никола Ивановски