Кумановци фатени со наркотици во Охрид

Сподели со своите пријатели

Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид во изминатиот период спроведе акција за спречување на трговија со дрога и психотропни супстанци. За таа цела на подрачјето на Охрид бил извршен преглед на повеќе лица, бил вршен претрес на доми помошни простории на едно лице и неколку патнички моторни возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 31.07.2016 во Охрид при легитимирање и преглед на две лица од Куманово било пронајдено кесе со непозната тревкаста материја.

Следниот ден, односно на 01.08.2016 година во Охрид при легитимирање и преглед на две лица од Куманово биле пронајдени две рачно изработени цигари.

Наркотици при претрес бил пронајдени и кај штипјани и велешани, а сите лице ќе добијаат соодветни кривични пријави, велат од МВР.