Кумановци да не се плашат од армиските возила, станува збор за вежба (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неколку оклопни возила на Армијата на Република Македонија денеска беа забележани во близина на паркот Соколана во Куманово, по што граѓаните започнаа да стравуваат дека нешто се случува, но сепак нема простор за паника.

Loading...

Како што појаснија од касарната „Боро Менков“ станува збор за вежба на припадниците на АРМ која е подготовка за големата воена вежба „Одлучен удар“ која ќе се реализира наскоро на Криволак.

Велат дека тие испратиле допис до Регионалниот центар за управување со кризи каде ги известиле дека на локацијата Краста во Куманово ќе се одвива ваква вежба, меѓутоа дневниот билтен кој оваа институција го доставува до медиумите денеска не пристигна, што не е невообичаено.

Иако во минатото секојдневно добивавме ваков извештај, во последните неколку дена службите на РЦУК понекогаш прескокнуваат да го достават, а истиот содржи релевантни информации за јавноста.

Така и денеска никој не знаеше дека присуството на возилата е поради вежбата на АРМ, по што граѓаните ѕвонеа првин во редакциите на локалните медиуми.

Апелираме РЦУК во иднина навремено да ја известува јавноста.

Leave a Reply