Кумановци бараат современо кино!

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Куманово имаат потреба и желба за современо кино во кое ќе можат да уживаат во нови и високобуџетни филмови.

Loading...

Рекордни 93 отсто одговорија „да“ на прашањето „Дали Куманово има потреба од современо кино?“ на анкетата која ја спроведовме на нашиот Инстаграм профил.

Од 640 лица кои одлучиле да учествуваат во нашата анкета, дури 596 се изјаснија позитивно, додека 7 отсто од нив, или само 44 луѓе биле против.

Куманово моментално има едно кино кое функционира во МКЦ „Козјак“, каде ретко се прикажуваат филмови, но и оние кои ќе бидат прикажани се нискобуџетни европски филмови.

Моментално таму се емитуваат филмови од германската кинематографија во рамките на „Фестивалот на нов германски филм“, но интересот не е многу голем.

Минатата година, според Државниот завод за статистика, во Куманово биле прикажани три филмови, од кои еден странски и два од домашна продукција. Двата домашни филмови заедно ги погледнале 694 гледачи, додека на едниот странски филм имало 1.450 посетители.

Loading...

Голем број кумановци филмови гледаат во кината во Скопје кои имаат подобар избор, но тоа секако ги чини повеќе.

Leave a Reply