Кумановчанка лажно пријавила дека била ограбена

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против В.С.(52) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, на 31.03.2016 година, во СВР Куманово пријавената, пријавила дека истиот ден на граничниот премин Табановце непознат сторител од нејзиното патничко возило и одзеле паричник со 200 евра, 1.600 денари и други документи.

Полицијата го истражила случајот и утврдила дека станува збор за лажна пријава, односно дека истата никогаш не била ограбена.