Кумановчанка е пренесена на клиника по тешка сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден околу 08,00 часот на обиколницата Скопје кај клучката Стенковец во правец према Велес, се случи сообраќајна незгода во која  ПМВ „Ауди А3“ со кумановски регистерски ознаки управувано од С.С. (34) од Куманово излетало од патот.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобилa сопатничката С.А. (25) од Куманово и истата е пренесена и задржана во Ургентниот Центар во Скопје, а  возачот се здобил со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.