Кумановчани очекуваат победа на мечот со Фени Индустри

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот кошаркарски клуб во сабота на домашен терен го пречекува Фени Индрустри, во рамките на натпреварувањата во домашната лига.

Loading...

По неочекуваниот пораз во претходното коло пред домашната публика од КК Кожув, а и со смена на тренерот Љубисав Луковиќ вчеранавечер, КК Куманово на дербито со Фени ќе мора да го поправа впечатокот и да докаже дека сезонава со право влезе со амбиции за висок пласман на табелата.

Прашањето на победникот на дуелот во Куманово ќе се решава во битката под кошевите меѓу најдобрите стрелеци на двата тима Урош Луковиќ против Кирил Николовски, секако ништо помалку интересно нема да бидат и дуелите на надворешнте позиции меѓу Костовски и Петровски, Караџоски- Враговиќ, или пак Инграм и Пековиќ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.