Кумановчани ќе плаќаат двесте денари за влез во затворениот базен

Сподели со своите пријатели

На денешната седница на Советот на Општина Куманово, меѓу останатите точки, советниците беа информирани дека е формирана цената за влез во отворениот и затворен базен, со капацитет, отворениот базен да прими до 200 капачи и тоа на целодневна основа, истакна градоначалникот Зоран Дамјановски.

Според Дамјановски, репер за цената е земен од останатите градови, истакнувајќи дека во предвид е земен фактот, цената да не биде дискриминирачка, но со напомена дека секогаш има простор за корекција.

Во затворениот базен според Дамјановски не се очекува навалица како во затворениот тип, додека за советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, останува отворено прашањето, дали базенот ќе се покрива со трошоците или за нивно непречено функционирање, општината ќе мора да одвојува додатни средства.

Следејќи ги искуствата од другите општини, вели Дамјановски е дека базените никогаш во целост немаат финансиска добивка и секогаш, општините се тие кои ги покриваат тековните трошоци.

 

Loading...