26.10.2019 14:48

КуманиУм уличен фестивал за промоција на уметниците (ГАЛЕРИЈА)


Уметници, актери, спортисти, пејачи, танцувачи, карикатуристи, креативци од Куманово денеска учествуваат на првиот уличен фестивал „КуманиУм“ кој се одржува на плоштадот кај Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Настанот го организира граѓанскиот центар „АктивУм“, а во соработка со Општина Куманово.

loading...

Најмладите кумановци, но и оние повозрасните кои се препознатливи во градот по творењето, уметноста, ги прикажаа своите креации, а им се приклучија и изведувачи и од други градови.

Граѓаните на целодневниот настан ќе имаат можност да ги видат настапите на младите актери од „Перципио“, на пензионерите, актери-аматери од КУД „Ѓоко Симоновски“, креациите на модните уметници, графитите и карикатурите на мајсторите на овој занает, на жените од „Коло на српските сестри“, настапите на „Атлета“, на уметниците од градот, да слушнат песни од тетовската музичка група „Шербет“, да уживаат во акробации, огнено жонглерско шоу и да се забавуваат со вечерниот настап на Dirty Side бендот.

– Во рамките на овој фестивал ќе имате можност да видите креации на многу учесници од сите области, од сите етнички заедници и возрасти во нашиот град, почнувајќи од најмалите до возрасните, кои преку своите креации ќе ни го прикажат мултиетничкото и мултикултурното живеење во нашиот град. На овој музички фестивал ќе видиме и учесници од некои други градови од нашата држава со цел да се претстават со сите свои креации и дела што ги создаваат како сликари, уметници, актери, жонглери, ракотворци, од сите дејности во нашиот град, рече во своето обраќање Десанка Стошевска, секретар на Општина Куманово.

loading...

Учесниците на бесплатните фото работилници наменети за „Уличниот фестивал“ ќе ги прикажат фотографиите кои го отсликуваат моментите на кумановци,  градот, и активностите кои се спроведуваа изминатиот период.

Најдобрите ќе бидат наградени со парични награди, предвидено е да се одржи и изложба на фотографии и ќе останат како трајно наследство за Куманово.

Своја поддршка на фестивалот даде и Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а директорот Сашо Тодоровски изрази надеж дека фестивалот ќе остане традиција и во следните години.

– На овој настан навистина имаме учесници кои ја промовираат култура, имаме многу учесници од Куманово, се заблагодаруваме на сите што изразија можност да учествуваат на овој фестивал и со ова гледаме дека Куманово има многу креативни луѓе има многу рачни изработки и очекуваме дека фестивалот ќе добие уште поголема поддршка идната година, изјави Тодоровски.

loading...

Годинава, Куманово слави пет века постоење и е прогласен за Град на културата, така што овие активности придонесуваат за достојно одбележување на јубилејот.

Интересна порака, оргинално и на кумановски дијалект се обрати Ивана Актинс од граѓански центар АктивУм.

– Од исток сл’нце грее све до Митровд’н, од запад не чував Кумани, северно смо најсеверни, сви заедно јужни, ама никад тужни. Куманово и његови 500 године време е да покаже што знае, кој не ни се придружи има да се покае. За сви генерацие по нешто, таленти на сви стране ќе стварав вешто. Улични перформанси све фиљан људи, граѓански центар АктивУм с’с укус ви нуди, фотографије ене ги висив на плоштад, волонтери ќе му га покажев пут на свакога, бија стар или млад, боза ќе се точи, локум ќе ве заблажи, свак ќе си најде оној што га тражи, песма, виц, графит, игра, глума, слика, овој ќе ви се допадне и ќе ви биде навика. КуманиУм, уличан фестивал за кумановци наши, пројди наступи и од трему не се плаши, рече оргинално Аткинс.

loading...

Уличниот фестивал, е дел од проектот #Култура за Куманово #Куманово за култура е насловен проектот кој го спроведува Здружението за активизам, едукација, култура и уметност, ГРАЃАНСКИ ЦЕНТАР АКТИВУМ Куманово. Проектот кој почна да се спроведува во септември ќе трае до февруари наредната година и се реализира во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), која е финансирана од ЕУ, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со поддршка на Општина Куманово која кофинансира дел од средствата за проектот.

loading...

loading...

loading...

loading...

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments