Куман ги критикуваше своите напаѓачи

Сподели со своите пријатели

Тренерот на Барселона, Роналд Куман изрази мислење дека системот 4-3-3 не е најсоодветен за неговата филозофија и затоа ќе наметне 4-2-3-1.

Loading...

– Со оваа постава и овој вид играчи, моето мислење е дека 4-2-3-1 е најдобрата формација. Овој систем е совршен за нас ако погледнеме на квалитетот на играчите што ги имаме, изјави Холанѓанецот.

Куман започна со две последователни победи против Виљареал и Селта, но нерешениот резултат 1:1 со Севиља покажа некои слабости на Каталонците.

– Генерално, тимот изгледаше многу добро, особено на првите два натпревари. Ако го анализираме натпреварот со Севиља, можеме да го подобриме нашиот пресинг. Постојат детали што треба да се поправат. Одбраната секогаш започнува од нападот. Ако добро притискаат, тогаш дефанзивците ќе немаат толку многу проблеми. Одбраната е тимска работа, додаде Куман.

Влатче Зорба

Leave a Reply