Украина ги отфрли обвинувањата дека еден од нејзините проектили паднал во Полска како „теорија на заговор“ и дел од „руската пропаганда“.
„Русија сега промовира теорија на заговор дека наводно станува збор за украинска ракета за противвоздушна одбрана која паднала на полска територија. Што не е точно. Никој не треба да верува во руската пропаганда или да ги зајакнува нејзините пораки“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Киев, Дмитро Кулеба.
Russia now promotes a conspiracy theory that it was allegedly a missile of Ukrainian air defense that fell on the Polish theory. Which is not true. No one should buy Russian propaganda or amplify its messages. This lesson should have been long learnt since the downing of #MH17.
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) November 15, 2022
Денис Пушилин, назначен од Русија началник на окупираната област Доњецк во источна Украина, претходно изјави дека извештаите дека руска ракета паднала во Полска се „провокација“ од Украина и обид да „вовлече дополнителни сили во конфликтот“.
Руските државни медиуми, како и многу руски пропагандисти на социјалните мрежи, дадоа слични најави.
Полска официјално потврди дека ракетите се руско производство, но не кажа чии.
Двете страни во војната во Украина досега користеле оружје од руско производство.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.