Кулеба нема да присуствува на состанокот на ОБСЕ во Скопје

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, нема да учествува на состанокот на ОБСЕ во Македонија поради присуството на руска делегација, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

Loading...

„Украинската делегација нема да учествува на министерскиот самит на ОБСЕ на ниво на министер за надворешни работи… Руската Федерација доследно го уништува ОБСЕ злоупотребувајќи го правилото за консензус“, напиша Николенко на социјалните мрежи.

Потсетуваме, Русија претходно доби покана за учество на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Скопје, за што Македонија донесе одлука да дозволи авионот на рускиот министер за надворешни работи да ја прелета земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Потоа и Бугарија го отвори својот воздушен простор за да присуствува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Скопје, потврдија од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

ОБСЕ соопшти дека годишниот состанок на министрите за надворешни работи на 57-те земји членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември 2023 година во Скопје.

Во соопштението на организацијата се појаснува дека оваа годишна средба ќе се одржи на покана на претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи.