Европската унија досега ѝ доставила на Украина околу 300.000 од ветените милиони артилериски гранати, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за време на неговата посета на самитот на НАТО во Брисел.
Loading...
Зборувајќи со новинарите на маргините на состанокот, Кулеба повика на поголема координација меѓу украинската одбранбена индустрија и НАТО за да се осигура дека Киев ќе ги добие потребните резерви за да ја порази Русија, која ја нападна Украина во февруари 2022 година, пренесува Ројтерс.
Денеска во седиштето на НАТО во Брисел се одржува вториот ден од дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки, јавува Танјуг.