КУЛ ИЛИ ОДВРАТНО: Берлинскиот јавен превозник со необичен совет ги тера луѓето да носат маски

Сподели со своите пријатели

На оригинален и можеби малку бизарен начин, берлинската градска транспортна компанија „Berliner Verkehrsbetriebe“ реши да ги принуди патниците да користат заштитни маски во нивните возила, вклучително и метроата, автобусите, трамваите…

Loading...

Поради коронавирусот, тие се задолжителни во Германија при користење јавен превоз од 22-ри април.

Тие започнаа кампања во која апелираат до патниците да не користат дезодоранси во текот на летните месеци со цел да ги принудат луѓето да носат маски и да се заштитат заради непријатниот мирис на пот.

Додека нивната реклама насмеа многумина, имаше и такви што ја зедоа здраво за готово, така што не ги импресионира.

– Можеше да напишете само дека маските се задолжителни како и во сите други градови во Германија – е еден од негативните коментари.

 

Leave a Reply