Куќи, помошни простории, ниви, лозови насади и стрништа вчера изгореле во селото Четирце откако избувна пожар кој силниот ветер брзо го ширеше.
Loading...
– На 09.07.2025 во 14. 49 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Четирце, кумановско, настанал пожар каде биле зафатени стрништа, необработени ниви, поголема површина со лозови насади, како и кровна конструкција на куќа сопственост на Ц.Д. и помошни простории, сопственост на М.Д. и Н.П., како и една напуштена куќа, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Loading...
Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски