Куќа изгоре во пожар викендов во Лојане

Сподели со своите пријатели

Пожар викендов пеплоса куќа во липковското село Лојане.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на терен интервенирале седуммина пожарникари со три противпожарни возила во период од 20:45 до 01:25 часот.

Засега нема информации за повредени лица или за причината која довела до пожарот.

Освен тоа, викендов, кумановските пожарникари бележат интервенција на запалена сува трева на улицата „Јоско Илиевски“.

Пет лица вработени во Територијалната противпожарна единица Куманово, викендов гаснеле и запален бојлер во период од 19:45 до 20: 15 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply