Куќа изгоре во населбата Бедиње, електричен столб запали овоштарник во Младо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Семејна куќа е опожарена во кумановската населба Бедиње вчера попладне, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во 15:25 часот четворица припадници на Територијалната противпожарна единица Куманово со едно возило се упатиле на местото и веднаш ја започнале својата интервенција која траела до 16:15 часот. Причината за пожарот, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утрдуваат.

Една интервенција бележат вчера и пожарникарите во општина Старо Нагоричане кога во 16:45 часот се запалила електричен столб во селото Младо Нагоричане, а во пожарот биле зафатени и мала површина од овоштарник и жито. Во акцијата која траела до 18:30 часот интервенирал само еден пожарникар со едно возило. Причините поради кои избувнал огнот остануваат непознати.