КУЌА БЕЗ ПРАШИНА: Совети за чистење од кои домот долго ќе блеска

Сподели со своите пријатели

Веројатно не постои личност која ужива во бришењето прашина, особено кога не и оди од рака целосно да се реши од неа. Па и кога успееме во тоа, многу бргу целата работа мора да се повтори. Но, еве неколку совети за да помине што подолго време помеѓу чистењата.

Не користете чистач за прашина

Чистачот само ја разнесува прашината низ домот и нанесува повеќе штета од корист. Ако баш морате да го користите барем почесто измијте ја со вода или купете нова.

10 трикови и совети кои еден ден можат да ви го спасат животот (видео)

Loading...

Исчистете ги грејалките и клима уредите

Тука се наоѓа огромна количина прашина и вашата работа кога ќе ги вклучите паѓа во вода. Чистете ги со помош на правосмукалка.

Не бришете „на суво“

И оваа техника само ја расфрла прашината низ домот. Важно е прашината да ја отстранувате со влажна крпа, затоа што само така ќе остане на неа.

Пет мали совети што може да ви бидат од голема помош

Не нанесувајте спреј за полирање директно на мебелот

На тој начин на мебелот се формираат слоеби кои подоцна само ќе собираат прашина. Затоа спрејот задолжително прскајте го на крпа.

Редовно менувајте го филтерот на правосмукалката

Тие се направени за да ја задржуваат прашината, но ако не ги менувате нема да бидат функционални. Правете го тоа по секое користење на правосмукалката.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.