КУД “Српски вез” организираше изложба во Старо Нагоричане (фото галерија)

Сподели со своите пријатели

Културно уметничко друштво „Српски вез“ во соработка со општина Старо Нагоричанe организираше изложба во просториите на Младински центар во истоимената општина.

Loading...

Изложбата беше организирана по повод завршувањето на проектот „Преку традиционални и културни вредности до подобар живот на граѓаните во Општина Старо Нагоричане“, кој oпштината го доби во партнерство со КУД “Српски вез” од страна на Советот на Европа и Европската унија.

Оваа беше завршна манифестација по самиот проект на кој беше изложено сè што беше направено преку проектот во работилницата која беше отворена согласно самиот проект.

Беа изложени 54 носии, сувенири и разни украси кои ги изработеа четирите жени во работилницата предходните 10 месеци.

На изложбата беше поставена и фото галерија од речиси сите настани и настапи који ги организираше Општината и Куд Српски вез согласно проектот.

На Изложбата се обратија директорот на културно уметничкото друштво,  Далибор Китановиќ, директорката на Агенција за остварување на правата на заедниците Весна Бабиќ – Петровски и Градоначалникот на Општината Милован Стојковски.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.