КУД ”Српски вез” гостуваше на традиционален фолк – фестивал во Врање (галерија)

Сподели со своите пријатели

Културно уметничко друштво ”Српски вез” од Куманово на покана од Град Врање и Градско Културно -уметничко друштво за време на викендот учествуваше на 9 -тиот Меѓунареден фолклорен фестивал под името„У сусрет данима Врања”.

Loading...

 

Оваа манифестација се одржува традиционално и трае цела недела, соопштуваат од КУД ”Српски вез”.

Првиот ден е резевиран за фолклор, а останатите денови има богата културно уметничка програма каде гостуваат познати српски естрадни звезди.

 

Loading...

Оваа година на фестивалот, свој настап имале Наташа Беквалац, Мирослав Илиќ и Џенан Лончаревиќ.

 

Културно – уметничкото друштво “Српски вез” беше и на прием кај градоначалникот на Врање Зоран Антиќ каде биле разменети меѓусебни подароци.

Кумановското друштво воедно на фестивалот се претстави со сплет игри од околината на Пчиња, а настапија и солистите Гордана Кузмановска и Дејан Петковски.

Заедно со кумановското, на фестивалот свое учество земале и КУД „Вакуп“ од Алексинац и КУД „Вила зора“ од Велес.

Во рамките на договоарање на следните активности, КУД ”Српски вез” оствариле и официјален состанок со раководството на ГКУД „Севдах“ каде што била договорена идната соработка и учество на ова друштво на годишниот концерт на ”Српски вез” кој ќе се одржи во oктомври.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.