КУД „Панче Пешев“ учествуваше на фолклорна смотра во Косовска Митровица (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ учествуваше на Меѓународна фолклорна смотра во Косовска Митровица.

Loading...

Смотрата се одржува по 25ти пат и како јубилејна ги покани сите досегашни добитници на гранд при награди, меѓу кои и КУД „Панче Пешев“.

– Оваа година се навршија 45 години од првата смотра која поради тогашните случувања во поранешна Југославија беше прекината. На оваа смотра учество земаа 10 друштва од просторите на поранешна Југославија. Оваа година не беше од натпреварувачки карактер, изјави Мирослав Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“.

Сите учесници на смотрата добија пехар, плакета и фестивалско знаме.

Loading...

Друштвото веќе неколку години настапува на оваа фолклорна смотра, а годинава настапи со женската игра „Водарки“ и сплет од игри и песни „Куманово“.

Leave a Reply