Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев” утревечер патува во Варна, Бугарија и ќе земе учество на 26-тиот Меѓународен фолклорен фестивал Варна 2017.
Фестивалот е еден од трите најдобри во Бугарија и е под покровителство на CIOFF. На фестивалот настапуваат учесници од 15 земји меѓу кои Грузија, Колумбија, Полска, Индија, Перу, Турција и т.н
“КУД „Панче Пешев” интензивно се подготвуваше изминатиот период и се надеваме дека ќе успееме на најдобар можен начин да ја претставиме нашата земја, нашиот град и се разбира богатиот македонски фолклор и традиција. Фестивалот е еден од најреномираните фестивали во Бугарија на кој земаат учество најдобрите светски културно уметнични друштва. Се надеваме дека ќе успееме да добиеме некоја од наградите што ќе биде дополнителна мотивација за понатамошна по напорна работа. “ – изјави Мирослав Крстевски, претседател на друштвото.