КУД ”Панче Пешев” го отвори Меѓународниот фолклорен фестивал во Пореч

Сподели со своите пријатели

Културно – уметничкото друштво “Панче Пешев“ од Куманово, од 9 до 14 јули,  учествуваше на Меѓународниот Фолклорен Фестивал во градот Шлиц во Германија.

Loading...

 

Фестивалот се одржа под покровителство на Светската Асоцијација на фолклорни ансамбли – CIOFF, и истиот беше во знакот на 45 години од постоењето на асоцијацијата,  како и 70 години од УНЕСКО.

На фестивалот учество зедоа повеќе од 12 земји учеснички со свои фолклорни групи и познати музички изведувачи.

По гостувањето во Германија,  на покана на претставникот на Македонското национално малцинство за Истра, Тодор Брдарски од КУД ”Панче Пешев” од 15 до 19 јули, престојуваше во градот Пазин, Истарска Жупанија.

Првата вечер беше во знакот на деновите на македонската култура во Истра и заедничко дружење со нашите иселеници во местото Крцули, каде беше промовирана и првата стихозбирка на Милена Златеска, поетеса која живее и работи во Пула.

Наредниот ден следуваше настап во Бале и отварање на Меѓународниот Фолклорен Фестивал “ТРАДИТинЕТНО” во Пореч, каде КУД “Панче Пешев“ ја имаше честта да го отвори фестивалот.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.