Куче случајно влета на трка па освои прво место (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тркачот Грејси Лени водеше во штафетната трка, но не очекуваше дека едно куче наскоро ќе и ја одземе предноста.

Loading...

Лани, матурантка од гимназијата Логан во САД, гледала кон целта во моментот кога на патеката и се придружило куче, кое за многу кратко време успеало да ја стигне, па дури и да ја победи.

„Отпрвин мислев дека е тркач, но потоа сфатив дека тоа е куче“, изјави Лани за „Додо“.

„Не бев подготвена за таков предизвик“, се пошегува таа.

Кога кучето стигнало до целта, публиката дивееше од воодушевување.

„И покрај тоа што завршив на второто место, јас бев многу среќна. Кучето ја заслужи победата, бидејќи навистина вложи напори. Жал ми е што не се сликав со него или не го галев”, заклучи Лани.

 

Loading...

Leave a Reply