КУЧЕ ХЕРОЈ: Млада жена сакала да скокне од мост и да се убие, но поради него денес е жива (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Едно куче беше прогласено за херој затоа што помогнало да се спаси жена која сакала да скокне од мост и да се самоубие.

Loading...

Во серија објави на Твитер, портпарол на противпожарната служба изјави дека таа пристигнала на местото каде полициските преговарачи разговарале со жената и станувале „сè позагрижени“ за ситуацијата.

-Една од противпожарните екипи дошла до идеја да го поведе со себе Дигби, нашето „дефузивно“ куче, беше речено.

Ова слатко бушаво куче претходно беше користено за да помогне во терапевтски разговори за итни работници кои биле изложени на траума.

– Кога пристигна Дигби, младата жена веднаш ја сврте главата да го погледне и се насмевна, додаде портпаролот.

Почнале да зборуваат за кучето.

„Тие ја прашаа дали би сакала да дојде и да се сретне со Дигби ако се врати преку оградата и ние сме среќни да кажеме дека го стори тоа“, рече портпаролот.

Противпожарна и спасувачка служба Девон и Сомерсет изјави дека на жената и посакуваат се најдобро во закрепнувањето.

Loading...

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *