Кубанците од утре ќе можат да пристапат до интернет преку своите мобилни телефони, соопшти државната телекомуникациска компанија „Етецса“ означувајќи пресврт во таа земја чија конектираност долго беше најмала во Западната хемисфера.
Скоро половина од 11,2 милиони жители на Куба имаат мобилни телефони, но не сите можат да си дозволат мобилен интернет, јавува РОјтерс.
Во информативната тв емисија емитувана во вторник, директорот на „Етецса“ објави разни едномесечни пакети, започнувајќи од 600МВ по цена од седум долари до пакет од 4GB за 30 долари. Доколку корисникот не сака пакет, 100МВ ќе го чинат 10 долари.
Таа цена нема да можат да си ја приуштат многу Кубанци затоа што просечната плата во оваа држава изнесува 30 долари месечно и многу луѓе се ослонуваат на дознаки од роднини од странство или работат дополнително за да го засилат семејниот буџет.
Кубанец измисли нов начин на ферментација на виното – со кондоми (видео)

