Кубанец измисли нов начин на ферментација на виното – со кондоми (видео)

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте помислиле да користите кондови при вриење на виното? Епа еден господин од Куба практикува баш таков начин. 

Орестес Еставез, 65-годишен винар од Хавана смислил генијална идеја како да го користи средството за заштита, а да не е секс. Имено, тој става кондоми на големи стакленици со грозје и овошни сокови, а со нивна помош знае кога процесот на вриње е готов.

Кондомите полека се дуваат кога виното започнува да врие и да произведува гасови, а кога стануваа цврсти и полнис о гас,, Еставез ги дупчи за да гасот полека се ослободи. искусниот винар знае кога виното е подготвено за полнење во боците – тогаш кога кондомите ќе паднат.

Кондомите се доста популарни на Куба, но не само како контрацептивно средство. Годините на меѓународно ембарго ја натерала Куба да импровизира со разни производи, па така и кондомите се нашле во винарската индустрија.

Еставез веќе долги низ години се занимава со винарство, а за своите вина користи домашно грозје со многу видови тропско овошје и зеленчук кои му даваат дополнителна арома.

 

Loading...