Куба ги исклучува јавните светла

Сподели со своите пријатели

Куба исклучи речиси три четвртини од јавните светла за време на шпицот за да се справи со зголемениот недостиг на енергија, објавија државните медиуми, додека надежите за олеснување на се подлабоката економска криза избледуваат.

Loading...

Прекините на струја, кои го нарушуваат секојдневниот живот и економијата, ја мачат земјата во која владее комунизмот веќе неколку години, но ситуацијата се влоши во последните месеци поради недостигот на гориво и потребата од одржување на дотраената инфраструктура.

Министерот за енергетика и рударство, Висенте де ла О Леви, на состанокот на советот на министри рече дека мерката за исклучување на јавните светла е една од многуте кои вклучуваат затворање на илјадници државни служби и пренасочување на производството за да се олеснат ограничувањата за електрична енергија што ја потресуваат земјата, јавуваат државните медиуми.

Куба ги обвинува своите економски проблеми на пандемијата „Ковид-19“ и заострените американски санкции под Доналд Трамп, а ситуацијата е влошена со слабите напори за преструктуирање на централизираната економија во која доминира државата.

Недостигот на девизи за увоз на храна, лекови, гориво и други основни потреби се чини дека се влошил досега оваа година, покажуваат официјалните податоци.

Де ла О Леви минатиот месец изјави дека Куба добила само 46 отсто од планираниот увоз на гориво, што предизвикало продолжен прекин на електричната енергија низ целата земја, со исклучок на главниот град Хавана.

Телефонска анкета во пет од 14-те провинции покажа дека жителите имаат 6 до 12 часа прекин на струја секој ден.

Јуркина Грасијал, 40-годишна државна службеничка во најисточната провинција Гвантанамо, телефонски изјавила дека „нема струја двапати дневно по четири часа и дека е неподносливо поради жештините“.

Loading...

На другиот крај на карипскиот остров, во провинцијата Пинар дел Рио, сопственикот на ресторанот Хаиме Кариљо изјави дека тие се без струја до осум часа на ден.

„Поради прекинот на струјата трпи нашата секојдневна работа“, рече тој. „На пример, течностите и месото се одмрзнуваат во фрижидери“, објасни тој.