Куба: 70 излезност на парламентарните избори

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 70 отсто од регистрираните гласачи во Куба излегоа во неделата за 470 пратеници кои ќе ги претставуваат во парламентот, а излезноста беше поголема во споредба со претходните две гласања во различни прилики минатата година, соопштија кубанските власти.

Loading...

Според Ројтерс, провладините и антивладините групи гледаат на изборите како мерка за поддршка на комунистичкото раководство на Куба во време на економска криза и растечко социјално незадоволство.

Надлежните од изборната комисија соопштија дека два часа пред затворањето на гласачките места излезноста била над 70 отсто.

Тој одѕив беше поголем од локалните избори во ноември и референдумот за дефиницијата за семејство во Куба, кој ги легализираше геј браковите во септември.

Иако резултатите не се очекуваат до вечерва или утре, кубанската влада може да има поголема поддршка од очекуваното по неколкунеделните митинзи на „Гласот на единството“ за поддршка на шестдецениската кубанска револуција на поранешниот лидер Фидел Кастро.

Куба спроведува свои избори и не дозволува меѓународни набљудувачи да го следат изборниот процес.

Антивладините групи, кои дејствуваат претежно надвор од островот, ги охрабрија гласачите да останат дома во знак на протест, тврдејќи дека гласањето нема смисла во еднопартиски систем, без вистинска опозиција или странски набљудувачи.

Пратениците кои ќе бидат избрани ќе добијат мандат од пет години и ќе го одредат следниот претседател на Куба.

Loading...

Се очекува да биде реизбран актуелниот претседател Мигел Дијаз-Канел.