Крвави раце, влечење за коса, хаос во супермаркетите поради „Нутела“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Попуст на популарниот крем нутела доведе до насилни сцени во еден француски ланец супермаркети кога купувачите тргнале по својот намаз.

Супермаркетите понудиле 70 отсто попуст на Нутела, па цената на една тегла наместо 4,5 евра изнесувала само 1,4 евра.

Се сеќавате ли на најубавиот крем од времето на СФРЈ? (видео)

Loading...

Меѓутоа, поради хаосот кој поради тоа настанал и луѓето кои се туркале и удирале, морала да интервенира и полицијата.

– Беа како животни. Се влечеа за коса, на една жена раката и беше крвава, рекол еден од купувачите.

Еден од прадавачите во маркетот во централна Франција вели дека персоналот се обидел да ги раздвои купувачите, но тие постојано се туркале.

Како се произведува желатинот, главна состојка на многу слатки? (видео)

Сите залихи на производот се продадени за 15 минути.

Слични сцени биле пријавени во полиција ширум Франција.

Во 160 земји ширум светот секоја година се јадат околу 365 милиони килограми Нутела.

Произведувач е фирмата Фереро, која изразила жалење поради насилните сцени во француските маркети, но напоменува дека ланецот самоиницијативно одлучил да ја намали цената.