Крвав напад во Индија: Леопард повреди најмалку седум луѓе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку седум лица се повредени во селото Мохнитол во источна Индија кога во последниот ден од 2019 година биле нападнати од леопард.

Loading...

Како што се гледа во видеото објавено на ЈуТјуб, леопардот одеднаш скокна меѓу собраните десетици луѓе.

Сите почнаа да трчаат за да спасат жива глава. Страшни крици на повредените влеваа страв во коските на оние кои успеале да избегаат.

Откако ги повредил и ги исплашил мештаните, вклучително и децата, леопардот избегал кон шумата.

Сепак, еден шумар им кажал на локалните медиуми дека „нема причина да се паничи“ и дека ловците биле вклучени во потрагата по крволочниот ѕвер.


Leave a Reply