Крварењето по интимните односи не треба да се занемари

Сподели со своите пријатели

Крварењето по интимните односи е доста вообичаено и има многу причини зошто тоа се случува. Покрај тоа што укажува на погруб интимен однос, може да биде знак за рак на грлото на матката или вагината.

Loading...

Сексуално пренослива болест

Еден од најчестите симптоми на сексуално преносливи инфекции кај жените е вагинално крварење. Може да биде знак за кламидија, гонореја и микоплазма, а овие состојби потоа можат да предизвикаат воспалителни заболувања на карлицата.

Полип

Една од десет жени ќе има полип во текот на животот. Обично се јавува во матката, но може да се помести пониско, во вагината, каде што може да се пробие за време на сексуален однос.

Иако полипот обично не е причина за загриженост и лесно може да се отстрани, растот може да стане канцероген или да предизвика проблеми со плодноста.

 

Loading...

 

Миом

Миомот е неканцероген раст кој се развива во или околу матката, со големина од грашок до големина на диња, а крварењето за време или после сексот може да биде симптом на оваа состојба.

Вагинална сувост

Сувоста на вагината за време на сексуалниот однос и потенцијалното крварење може да бидат резултат на груб однос, но понекогаш сувоста може да биде постојан проблем за жените, предизвикувајќи болка за време на сексот, чешање и инфекции на уринарниот тракт.

 

 

Loading...

Габична инфекција

Габични или бактериски инфекции честопати се непријатни. Тие генерално ја потиснуваат желбата за интимност, но ако сеуште уживате во врската со партнерот, крварењето може да се појави како симптом.

Всушност, можеби дури и не забележувате дека имате проблеми, бидејќи овој чин може да предизвика симптоми, вклучувајќи непријатен мирис, болка, чешање или крв.

Рак

Највообичаеното абнормално вагинално крварење помеѓу менструацијата, за време или после сексот е првиот знак за рак на грлото на матката.

Ракот на грлото на матката може да се третира, но треба навреме да го посетите вашиот гинеколог