Севернокорејскиот и рускиот претседател Ким Џонг Ун и Владимир Путин се сретнаа во средата на космодромот Восточни на рускиот далечен исток, а на социјалните мрежи се појави бизарна снимка од телохранителите на севернокорејскиот лидер.
Телохранител во бели ракавици внимателно го брише столот на Ким Џонг Ун пред да седне на него, според видеото наводно направено пред средбата со Путин.
Направени се проверки на космодромот пред нивниот состанок, пренесува Мирор.
Видеото брзо стана вирално, а некои сугерираат дека Ким Јонг Ун можеби се плаши за сопствената безбедност, преземајќи ги овие мерки, плашејќи се дека може да биде контаминиран.
Дали тоа значи дека лидерот на Северна Кореја не верува никому, па ни на Путин, не можеме да кажеме.
🇰🇵🇷🇺Video before Kim Jong Un’s meeting with Putin…
✍️North Korean leader Kim Jong-un’s bodyguards and entourage carefully scan his chair from all sides and examine it manually and with an X-ray machine pic.twitter.com/drGANS9AIK
— BlueGreen Planet (@BluesWaltair) September 13, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.