Кружен тек кој ќе ви го помати умот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Магичниот кружен тек“ во Свиндон е една од најпредизвикувачките крстосници за возење во Велика Британија.

Loading...

Се наоѓа во централната административна единица на Англија – Вилтшир, и е вистинска авантура за секој возач, пишува Gloucestershire Live.

Овој кружен тек има седум ленти, пет мали кружни текови спротивно од стрелките на часовникот, лоцирани околу шестиот надворешен круг каде возилата се движат во насока на стрелките на часовникот.

Освен што ги збунуваат странците, не се навикнати ниту локалните возачи.

Оние кои возат во овој кружен тек се поделени во две групи, од кои првата возат бавно и се движат внимателно, не напуштајќи го додека пред нив нема слободен простор на најмалку 100 метри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто полициското комбе се нарекува и марица? (ВИДЕО)

И онаа нешто поискусна група која покажува решителност во претекнување и маневрирање низ метежот.

– Ова е сообраќаен пекол – напиша еден корисник на порталот TripAdvisor, а друг додаде дека тоа е „монструозно патно решение“.

Истражувањето на веб-страницата Cinch покажа дека е меѓу првите пет најзбунувачки јазли во Велика Британија.

Loading...