Кривични за шест лица поради фалсификувани ПЦР тестови на Табановце

Сподели со своите пријатели

Шест лица кои приложиле фалсификувани ПЦР тестови на Граничниот премин Табановце во периодот од октомври до декември минатата година, денеска добија кривични пријави.

Loading...

– ОПКМ Куманово поднесе шест кривични пријави против М.Х.(46), Џ.И.(59), А.Д.(28), М.Д.(56), А.В.(29), О.Ј.(37), поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавените, како што појаснуваат од полицијата, во периодот од 08.10.2021 до 24.12.2022, во Полициската станица за граничен премин „Табановце“, на излез од државата, приложиле фалсификуван негативен ПЦР тест, како вистински.

Никола Ивановски