Кривични за лицата кои запалија возило во Крива Паланка, откако добија казна од полицијата

Сподели со своите пријатели

Лицата кои пред неколку дена запалија возило откако полициски службеници им напишале казна по констатирани недостатоци, веќе заработија кривични пријави.

Loading...

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднeсе кривична пријава против О.М. (29) од Крива Паланка, Г.Ѓ.(52) од с.Жидилово и Ј. Ѓ. (22) од с.Жидилово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 13.05.2020 во 11.00 часот во с.Жидилово, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка, запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.М.(29) од Крива Паланка, а како сопатници биле затекнати лицата Г.Ѓ. од с.Жидилово и Х.С. од Крива Паланка.

При проверка, полициските службеници констатирале неисправности на возилото, по што возачот не ги потпишал документите.

Притоа, од возилото излегол сопатникот Г.Ѓ. кој почнал да ги омаловажува полициските службеници и се јавил на ќерка му Ј.Ѓ. да донесе бензин.

Додека полициските службеници влегувале со службеното возило, дошла Ј.Ѓ., која донела шише со бензин, по што О.М. го испрскал внатрешниот дел од возилото и го запалил, а возилото целосно изгорело, појаснуваат од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply