Кривични за двајца кумановци: Се движеле во полицискиот час во јуни

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово добијат кривични пријави поради движење без дозвола за време на мерката полициски час во јуни годинава.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Ц.(47) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата тој на 02.06.2021 во Куманово тој бил затекнат на улицата „Србо Томовиќ“ како се движи без да има дозвола за движење.

Во вториот случај кривична пријава за истото дело доби дваесет и тригодишен кумановец В.А.

Според Министерството за внатрешни работи, тој на 09.06.2021 во Куманово на улицата „Индустриска“ бил затекнат како се движи без да има дозвола за движење.

Никола Ивановски